Скокни до содржина

Човекот Машина

ЧОВЕКОТ-МАШИНА е најнесреќното животно кое постои во оваа долина на солзите, но тој има ПРЕТЕНЗИЈА, па дури и ДРЗОСТ САМ ДА СЕ НАСЛОВУВА КРАЛ НА ПРИРОДАТА.

„NOCE TE IPSUN“ „ЧОВЕКУ СПОЗНАЈ СЕ САМИОТ СЕБЕ“. Ова е стара ЗЛАТНА МАКСИМА напишана на непобедливите ѕидови на храмот во Делфи во АНТИЧКА ГРЦИЈА.

Човекот, тоа кутро ИНТЕЛЕКТУАЛНО ЖИВОТНО кое погрешно се квалификува како ЧОВЕК, има измислено илјадници многу комплицирани и тешки машини и многу добро знае дека за да може да се користи со МАШИНА, понекогаш му требаат долги години на студирање и учење, но штом станува збор за САМИОТ СЕБЕ тој целосно го заборава овој факт, иако тој самиот е покомплицирана машина од сите што ги има измислено.

Нема човек кој не е полн со целосно лажни идеи за себе, најсериозно е што не сака да сфати дека навистина е машина.

Човечката машина нема слобода на движење, функционира исклучиво преку повеќекратни и разновидни внатрешни влијанија и надворешни шокови.

Сите движења, дејства, зборови, идеи, емоции, чувства, желби на човечката машина се предизвикани од надворешни влијанија и од повеќекратни внатрешни чудни и тешки причини.

ИНТЕЛЕКТУАЛНОТО ЖИВОТНО е кутра кукла која зборува со меморија и виталност, жива кукла, која има глупа илузија, дека може ДА ПРАВИ, кога всушност навистина ништо не може ДА ПРАВИ.

Замислете за момент, драг читателу, механичка автоматска кукла контролирана од сложен механизам.

Замислете дека таа кукла има живот, се заљубува, зборува, оди, посакува, води војни итн.

Замислете дека таа кукла може да ги менува сопствениците во секој момент. Треба да замислите дека секој сопственик е различна личност, има свој критериум, свој начин на забава, чувствување, живеење итн., итн., итн.

Кој било сопственик, сакајќи да заработи пари, ќе притисне одредени копчиња и тогаш куклата ќе се посвети на бизнисот, друг сопственик, половина час подоцна или неколку часа подоцна, ќе има поинаква идеја и ќе ја натера својата кукла да танцува и да се смее, трет ќе ја натера да се тепа, четврти ќе ја натера да се заљуби во жена, петти ќе ја натера да се заљуби во друга, шести ќе ја натера да се скара со сосед и да си создаде полициски проблем, а седми ќе ја натера да смени живеалиште.

Навистина, куклата од нашиот пример не направила ништо, но таа верува дека направила, таа има илузија дека ПРАВИ кога всушност навистина ништо не може ДА ПРАВИ затоа што го нема ИНДИВИДУАЛНОТО БИТИЕ.

Надвор од секое сомневање, сѐ се случило како кога врне, кога грми, кога грее сонцето, но кутрата кукла верува дека ПРАВИ; ја има глупавата ИЛУЗИЈА дека сѐ направила кога всушност ништо не направила, нејзините соодветни сопственици се тие што се забавувале со кутрата механичка кукла.

Таков е кутриот интелектуален живот, драг читателу, механичка кукла како онаа од нашиот илустративен пример, верува дека ПРАВИ кога всушност ништо не ПРАВИ, таа е марионета од месо и коски контролирана од ЛЕГИЈА СУПТИЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ СУШТИНИ кои во својот склоп го сочинуваат она што се нарекува ЕГО, ЈАС ПЛУРАЛИЗИРАНО.

ХРИСТИЈАНСКОТО ЕВАНГЕЛИЕ ги квалификува сите тие суштини како ДЕМОНИ и нивното вистинско име е ЛЕГИЈА.

Ако кажеме дека ЈАС-ОТ е легија ДЕМОНИ кои ја контролираат човечката машина, не претеруваме, така е.

ЧОВЕКОТ-МАШИНА нема никаква ИНДИВИДУАЛНОСТ, не го поседува БИТИЕТО, само ВИСТИНСКОТО БИТИЕ ја има МОЌТА ДА ПРАВИ.

САМО БИТИЕТО може да ни даде ВИСТИНСКА ИНДИВИДУАЛНОСТ, само БИТИЕТО нѐ претвора во ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ.

Оној кој навистина сака да престане да биде обична механичка кукла, мора да ја елиминира секоја од тие суштини кои во својот склоп го сочинуваат ЈАС-ОТ. Секоја од тие СУШТИНИ кои си играат со човечката машина. Оној кој навистина сака да престане да биде обична механичка кукла, мора да започне со тоа што ќе ја признае и ќе ја разбере сопствената механичкост.

Оној кој не сака да ја разбере ниту да ја прифати сопствената механичкост, оној кој не сака правилно да го разбере овој факт, веќе не може да се промени, тој е несреќен, беден, подобро му е да си закачи камен од мелница на вратот и да се фрли на дното на морето.

ИНТЕЛЕКТУАЛНОТО ЖИВОТНО е машина, но многу посебна машина, ако оваа машина успее да разбере дека е МАШИНА, ако е добро водена и ако околностите го дозволат тоа, може да престане да биде машина и да се претвори во ЧОВЕК.

Пред сѐ, итно е да започнеме со тоа што длабоко и на сите нивоа на умот ќе разбереме дека немаме вистинска индивидуалност, дека немаме ПОСТОЈАН ЦЕНТАР НА СВЕСТА, дека во одреден момент сме една личност, а во друг друга; сѐ зависи од СУШТИНАТА која ја контролира ситуацијата во кој било миг.

Она што ја предизвикува ИЛУЗИЈАТА за ЕДИНСТВО и ИНТЕГРАЛНОСТ на ИНТЕЛЕКТУАЛНОТО ЖИВОТНО е од една страна чувството кое го има неговото ФИЗИЧКО ТЕЛО, од друга страна неговото име и презиме и на крај меморијата и одреден број механички навики имплантирани во него од ОБРАЗОВАНИЕТО, или стекнати со едноставно и глупаво имитирање.

Кутрото ИНТЕЛЕКТУАЛНО ЖИВОТНО нема да може да престане да БИДЕ МАШИНА, нема да може да се промени, нема да може да го стекне ВИСТИНСКОТО ИНДИВИДУАЛНО БИТИЕ и да се претвори во легитимен човек, сѐ додека НЕ ја има храброста ДА ЈА ЕЛИМИНИРА ПРЕКУ ДЛАБОКОТО РАЗБИРАЊЕ и во последователен ред, секоја од тие МЕТАФИЗИЧКИ суштини кои во својот склоп го сочинуваат она што се нарекува ЕГО, ЈАС, САМИОТ ЈАС.

Секоја ИДЕЈА, секоја СТРАСТ, секој порок, секоја АФЕКТИВНОСТ, секоја ОМРАЗА, секоја желба итн., итн., итн. ја има својата соодветна СУШТИНА и склопот на сите тие СУШТИНИ е ПЛУРАЛИЗИРАНИОТ ЈАС на РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ПСИХОЛОГИЈА.

Сите тие МЕТАФИЗИЧКИ СУШТИНИ, сите тие ЈАС-ОВИ кои во својот склоп го сочинуваат ЕГО-ТО, немаат вистинска поврзаност меѓу себе, немаат никакви координати. Секоја од тие СУШТИНИ целосно зависи од околностите, промена на впечатоци, случки итн.

ЕКРАНОТ НА УМОТ ги менува боите и сцените во секој миг, сѐ зависи од СУШТИНАТА која во кој било миг го контролира умот.

По ЕКРАНОТ на умот поминуваат во континуирана процесија различните СУШТИНИ кои во својот склоп го сочинуваат ЕГО-ТО или ПСИХОЛОШКИОТ ЈАС.

Различните СУШТИНИ кои го сочинуваат ПЛУРАЛИЗИРАНИОТ ЈАС се здружуваат, се раздружуваат, формираат одредени посебни групи според своите афинитети, се караат меѓу себе, дискутираат, не се познаваат итн., итн., итн.

Секоја СУШТИНА од ЛЕГИЈАТА наречена ЈАС, секој мал ЈАС, верува дека е сѐ, ЦЕЛОСНОТО ЕГО, ни оддалеку не се сомнева дека тој е само најситниот дел.

СУШТИНАТА која денес се заколнува на вечна љубов на жена, е поместена подоцна од друга СУШТИНА која нема никаква врска со таквата заклетва и тогаш кулата од карти се урива на земја и кутрата жена плаче разочарана.

СУШТИНАТА која денес се заколнува на верност на кауза, е поместена утре од друга СУШТИНА која нема никаква врска со таквата кауза и тогаш субјектот се повлекува.

СУШТИНАТА која денес се заколнува на верност на ГНОЗАТА, е поместена утре од друга СУШТИНА која ја мрази ГНОЗАТА.

Наставниците и наставничките од училиштата, колеџите и универзитетите, треба да ја проучат оваа книга за ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ и поради човечност да имаат храброст да ги насочат учениците и ученичките по прекрасниот пат на РЕВОЛУЦИЈАТА НА СВЕСТА.

Потребно е учениците да ја разберат потребата да се запознаат самите себе на сите полиња на умот.

Потребна е поефикасна интелектуална ориентација, потребно е да разбереме што сме и ова треба да започне од самите училишни клупи.

Не негираме дека парите се потребни за да се јаде, да се плати киријата за куќата и да се облечеме.

Не негираме дека е потребна интелектуална подготовка, професија, техника за да се заработат пари, но тоа не е сѐ, тоа е споредно.

Првото, основното е да знаеме кои сме, што сме, од каде доаѓаме, каде одиме, која е целта на нашето постоење.

Жалосно е да продолжиме како автоматски кукли, бедни смртници, луѓе-машини.

Итно е да престанеме да бидеме обични машини, итно е да се претвориме во ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ.

Потребна е радикална промена и оваа треба да започне токму со ЕЛИМИНАЦИЈАТА на секоја од тие СУШТИНИ кои во својот склоп го сочинуваат ПЛУРАЛИЗИРАНИОТ ЈАС.

Кутрото ИНТЕЛЕКТУАЛНО ЖИВОТНО не е ЧОВЕК, но во себе, во латентна состојба, ги има сите можности да се претвори во ЧОВЕК.

НЕ е закон тие можности да се развијат, најприродно е тие да се изгубат.

САМО преку огромни СУПЕР-НАПОРИ можат да се развијат таквите човечки можности.

Многу треба да елиминираме и многу треба да стекнеме. Станува неопходно да направиме попис за да знаеме што ни е вишок, а што ни недостига.

Јасно е дека ПЛУРАЛИЗИРАНИОТ ЈАС е вишок, е нешто бескорисно и штетно.

ЛОГИЧНО е да кажеме дека треба да развиеме одредени моќи, одредени способности, одредени капацитети кои ЧОВЕКОТ-МАШИНА си ги припишува и верува дека ги има, но кои всушност навистина ГИ-НЕМА.

ЧОВЕКОТ-МАШИНА верува дека има вистинска ИНДИВИДУАЛНОСТ, РАЗБУДЕНА СВЕСТ, СВЕСНА ВОЛЈА, МОЌ ДА ПРАВИ итн. и ништо од тоа нема.

Ако сакаме да престанеме да бидеме машини, ако сакаме да разбудиме СВЕСТ, да имаме вистинска СВЕСНА ВОЛЈА, ИНДИВИДУАЛНОСТ, способност ДА ПРАВИМЕ, итно е да започнеме со тоа што ќе се запознаеме самите себе, а потоа ќе го раствориме ПСИХОЛОШКИОТ ЈАС.

Кога ПЛУРАЛИЗИРАНИОТ ЈАС се раствора, останува само во нас ВИСТИНСКОТО БИТИЕ.