Скокни до содржина

Животот

Иако изгледа неверојатно, сосема е точно и вистина, дека оваа толку фалена модерна цивилизација е страшно грда, не ги исполнува трансценденталните карактеристики на естетското чувство, лишена е од внатрешна убавина.

Многу се фалиме со тие страшни згради како и секогаш, кои личат на вистински стапици за глувци.

Светот стана ужасно здодевен, истите улици како и секогаш и ужасните живеалишта насекаде.

Сето ова стана досадно, на Север и на Југ, на Исток и на Запад на светот.

Тоа е истата униформа како и секогаш: страшна, гадна, стерилна. Модернизам!, извикуваат мноштвата.

Изгледаме како вистински суетни мисирки со оделото што го носиме и со многу сјајните чевли, иако тука, таму и онде кружат милиони несреќни гладни, неухранети, бедни луѓе.

Едноставноста и природната убавина, спонтана, наивна, лишена од вештачки украси и суетни бои, исчезнаа во женскиот пол. Сега сме модерни, таков е животот.

Луѓето станаа страшно сурови: милосрдието се олади, никој повеќе не се сожалува на никого.

Витрините или излозите на луксузните продавници блескаат со луксузна стока која дефинитивно е надвор од дофатот на несреќните.

Единствено што можат да направат отфрлените од животот е да гледаат свила и накит, парфеми во луксузни шишиња и чадори за дождовите; да гледаат без да можат да допрат, мака слична на онаа на Тантал.

Луѓето од овие модерни времиња станаа премногу груби: мирисот на пријателството и мирисот на искреноста радикално исчезнаа.

Мноштвата стенкаат преоптоварени со даноци; сите имаат проблеми, ни должат и ние должиме; ни судат и немаме со што да платиме, грижите ги растргнуваат мозоците, никој не живее спокојно.

Бирократите со кривата на среќата на нивните стомаци и со добра пура во устата, на која психолошки се потпираат, жонглираат политички магии со умот без да им е грижа за болката на народите.

Никој не е среќен во овие времиња, а најмалку средната класа, таа се наоѓа меѓу чеканот и наковалната.

Богати и сиромашни, верници и неверници, трговци и просјаци, чевлари и лимари, живеат затоа што мораат да живеат, ги дават своите маки во вино и дури стануваат зависници од дрога за да избегаат од самите себе.

Луѓето станаа злобни, сомнителни, недоверливи, лукави, изопачени; никој повеќе не верува во никого; се измислуваат секојдневно нови услови, сертификати, ограничувања од секаков вид, документи, акредитиви итн., и сепак ништо од тоа не служи веќе, лукавите се исмеваат на сите овие глупости: не плаќаат, ја избегнуваат законот дури и ако треба со своите коски да одат во затвор.

Ниту едно вработување не дава среќа; чувството за вистинска љубов е изгубено и луѓето се венчаат денес и се разведуваат утре.

Единството на домовите е за жал изгубено, органскиот срам веќе не постои, лезбејството и хомосексуалноста станаа почести од миењето раце.

Да се знае нешто за сето ова, да се обидеме да ја дознаеме причината за толку гниење, да се распрашуваме, да бараме, е секако она што го предлагаме во оваа книга.

Зборувам на јазикот на практичниот живот, сакајќи да знам што се крие зад таа страшна маска на постоењето.

Размислувам на глас и нека кажат измамниците на интелектот што им е волја.

Теориите станаа здодевни и дури се продаваат и препродаваат на пазарот. Па што тогаш?

Теориите служат само за да ни предизвикаат грижи и да ни го загорчат животот.

Со право рекол Гете: „Секоја теорија е сива и само зелено е дрвото со златни плодови што е животот“…

Веќе на кутрите луѓе им здодеа од толку теории, сега многу се зборува за практицизам, треба да бидеме практични и навистина да ги знаеме причините за нашите страдања.